MKinformer

your daily dose of news

Мега засилување за Вардар: Давид Бабунски е црвено-црн!

02/09/2025 9:16

Во финишот од преодниот рок Вардар донесе големо засилување, македонскиот клуб потпиша со нашиот репрезентативец, Давид Бабунски.

Вардар пријатно ги изненади своите фанови, Давид Бабунски од денеска е фудбалер на црвено-црните.

За 31-годишниот Бабунски, Вардар ќе биде прв македонски клуб за кој заиграл. Тој кариерата ја почна во Барселона, настапуваше за вториот тим на Каталонците. А последно играше за Данди јунајтед во Шкотска.

Бабунски во Вардар доаѓа како слободен играч.

Во текот на денешниот ден Вардар ќе промовира уште две засилувања со што ќе го затвори преодниот рок.

error: Содржината е заштитена од копирање !!