MKinformer

your daily dose of news

Среќен роденден, ВАРДАРЕ!

22/07/2025 10:02
СРЕЌЕН 78-МИ РОДЕНДЕН ВАРДАРЕ!
.
ФК Вардар, тоа е синоним на големина, фудбалска љубов, историја и традиција, секако и успеси. Гордоста на Македонија може да биде и тоа како горда. ФК Вардар денеска го прославува својот 78-ми роденден.
Имено на денешен ден пред 78 години е основан клубот кој е препознатлив, кој е синоним на МАКЕДОНШТИНАТА, нашиот најголем спортски бренд.
.
Клуб со кој сите Македонци некогаш и сега се препознаваат. Сите фудбалски фанови во Македонија го респектираат како нај, нај. Некои од нив навиваат за други клубови, но Вардар е Вардар,сите говорат со респект за него.
.
Вардар во се беше и е прв. Вардар има титула во првенство на екс – Југославија, Вардар имa титула во Купот на екс-Југославија. Вардар со 11 шампионски пехари во самостојна Македонија убедливо е рекордер. Вардар прв играше во Европа, секако Вардар прв и засега единствен во Македонија играше во групна фаза во некое европско
натпреварување.
.
Низ овие 78 години во ФК Вардар продефилираа многу големи мајстори на фудбалската игра, легенди.
.
Вардар е Македонија, Македонија е Вардар.
.
Среќен роденден, ВАРДАРЕ!
.
Продолжи да нижеш успеси…
error: Содржината е заштитена од копирање !!