MKinformer

your daily dose of news

Активни пожарите во Берово и Липково, во Делчево и Виница ставени под контрола

07/09/2025 9:58

Според податоците до 08:00 часот на 06/07.09.2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 26 пожари на отворен простор.

🔥 Активни се 2 пожари:

  • Општина Берово, м.в. Безгашево – с. Русиново (дабова, букова шума и папрат)

  • Општина Липково, с. Никуштак (нискостеблеста деградирана и дабова шума)

🟠 Под контрола се 4 пожари:

  • Гази Баба – Вардариште (ѓубриште)

  • Берово – над туристичка населба Абланица (борова шума)

  • Делчево – с. Косово Дабје (мешана шума)

  • Виница – Фабрика „Винчини“ (Макпрогрес)

✅ Изгаснати се 20 пожари во повеќе општини низ државата (Гевгелија, Струмица, Дебар, Струга, Тетово, Гостивар, Долнени, Прилеп, Куманово, Старо Нагоричане, Илинден, Крушево, Битола).

Надлежните служби апелираат за зголемена претпазливост и навремено пријавување на секој забележан пожар, бидејќи временските услови сѐ уште создаваат ризик од нови огнови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!