MKinformer

your daily dose of news

Активни пожарите во Берово и Липково, во Делчево и Виница ставени под контрола

07/09/2025 9:58

Според податоците до 08:00 часот на 06/07.09.2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 26 пожари на отворен простор.

🔥 Активни се 2 пожари:

  • Општина Берово, м.в. Безгашево – с. Русиново (дабова, букова шума и папрат)

  • Општина Липково, с. Никуштак (нискостеблеста деградирана и дабова шума)

🟠 Под контрола се 4 пожари:

  • Гази Баба – Вардариште (ѓубриште)

  • Берово – над туристичка населба Абланица (борова шума)

  • Делчево – с. Косово Дабје (мешана шума)

  • Виница – Фабрика „Винчини“ (Макпрогрес)

Изгаснати се 20 пожари во повеќе општини низ државата (Гевгелија, Струмица, Дебар, Струга, Тетово, Гостивар, Долнени, Прилеп, Куманово, Старо Нагоричане, Илинден, Крушево, Битола).

Надлежните служби апелираат за зголемена претпазливост и навремено пријавување на секој забележан пожар, бидејќи временските услови сѐ уште создаваат ризик од нови огнови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!