MKinformer

your daily dose of news

Само Левица не ја потпишала Декларацијата за фер, слободни и демократски избори што ја предлага Гаши

09/09/2025 14:47

Декларацијата за фер, слободни и демократски избори што ја предлага претседателот на Собранието, а која ќе се најде на дневен ред на пленарната седница закажана за 12 овој месец, не е потпишана само од пратеничката група на Левица.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши е задоволен и се надева дека декларацијата ќе допре до секој пратеник за да има фер и демократски локални избори. Досега, како што вели, нема забелешки на предлог-декларацијата.

„Како Собрание правиме се што можеме за да има политичка битка, а не инциденти. Изборите се најдобар индикатор за демократијата во едно општество. По толку години од независноста, срамота е да зброуваме за инциденти. Повикувам на фер и демократски избори и секој да си ја понесе одговорноста“, истакна Гаши на денешната средба со новинарите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!