MKinformer

your daily dose of news

Временска прогноза: нестабилно време со дожд и грмежи, стабилизација во петок

11/09/2025 8:57

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време со локални поројни дождови и грмежи. На поедини места се можни и краткотрајни невремиња со пообилен дожд (над 15 литри на м²) и засилен ветер што може да достигне брзина над 60 км/ч.

Температурите ќе се движат од минимални 12 до 19 степени, а дневните максимални вредности ќе достигнат меѓу 26 и 32 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, со услови за краткотрајно невреме во делови од котлината. Минималната температура ќе биде околу 16 степени, а максималната до 31 степен.

За петок се очекува привремена стабилизација на временските услови, додека во сабота се предвидува изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно ќе има чести врнежи од дожд и грмежи, со можност за поинтензивни процеси на одделни локации.

error: Содржината е заштитена од копирање !!