Комбе излета од мост на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени
12/09/2025 9:42
Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица.
Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.
Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна.






