MKinformer

your daily dose of news

Делови од Центар денес без вода, овие делови од Скопје без струја

13/09/2025 8:52

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги информира граѓаните дека во сабота, 13 септември 2025 година, ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради технички интервенции и дефекти.

🔌 Прекин на електрична енергија
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци, општина Петровец – потегот од основното училиште до маркет „Перо“.

💧 Прекин на водоснабдувањето
Поради дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат:

  • Потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“

  • Дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“

Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!