Делови од Центар денес без вода, овие делови од Скопје без струја
13/09/2025 8:52
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги информира граѓаните дека во сабота, 13 септември 2025 година, ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради технички интервенции и дефекти.
🔌 Прекин на електрична енергија
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци, општина Петровец – потегот од основното училиште до маркет „Перо“.
💧 Прекин на водоснабдувањето
Поради дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат:
-
Потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“
-
Дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“
Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.



