MKinformer

your daily dose of news

ЈП „Дрисла“ демантира лажна вест за пожар

14/09/2025 22:56

Јавното претпријатие „Дрисла“ најостро ја осуди и демантира информацијата што вчера се појави во јавноста дека на депонијата повторно имало пожар. Од претпријатието појаснуваат дека веста под наслов „Ноќеска гореше и Дрисла“ е лажна и дека се работи за пласирана дезинформација од политички центри на моќ со цел дефокусирање од актуелни скандали.

Од „Дрисла“ потсетуваат дека пред два дена навистина имало обид за подметнување голем пожар, но истиот бил навреме локализиран и целосно изгаснат со сопствени ресурси и со интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје.

„Оттогаш состојбата е стабилна, нема нови пожари, а објавената вест е целосна невистина и тенденциозна“, стои во демантот на ЈП „Дрисла“. Од таму дополнуваат дека обидите за ширење дезинформации се обид за пренасочување на вниманието од скандалот во Трубарево, кој според нив, поради институционални пропусти, можел да резултира со трагедија слична на онаа во Кочани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!