MKinformer

your daily dose of news

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

14/05/2026 10:30

Пожар на депонијата „Краста“ кај Куманово: Булдожери затрупуваат со земја

Пожарот избувна вчера во доцните попладневни часови

Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија надлежните од претпријатието.

– Пожарот избувна во доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.

Нестандардна депонија од 1958 година

Депонијата „Краста“ сместена на локалниот пат Куманово-Пчиња сè уште е нестандардна депонија. Таа функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12,5 хектари.

Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 100 до 120 тони смет.

Планови за претоварна станица

Депонијата треба да стане претоварна станица која ќе има капацитет од 10.000 тони отпад, со:

  • Зони за сортирање на разни типови отпад

  • Рециклирање

  • Габаритен отпад

  • Компостирање

Отпадот ќе биде компактиран со стационарни преси-компактори, а објектот ќе има товарни рампи и вага за возила. Се планира да работат најмалку десет работници во една смена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!