Пожар рано утрово во сервис за возила во Стаклара
16/09/2025 9:45
Рано утрово, околу 4 часот, избувна голем пожар во сервис за возила во местото Каменик, над Стаклара. Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали кои дополнително ја отежнале интервенцијата.
Бригадата за противпожарна заштита на Скопје веднаш реагирала и на терен излегле осум противпожарни возила. По тешка и повеќечасовна борба со огнената стихија, пожарот бил ставен под целосна контрола и изгаснат нешто пред 6 часот изутрина.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а на терен ќе се врши увид за утврдување на материјалната штета и околностите под кои настанал настанот.
Утрово се појави и снимка од потпалувачот на пожарот, може да ја погледнете ТУКА






