MKinformer

your daily dose of news

Голем пожар во поранешната „Декортекст“ во Радовиш, неколку пожарникари повредени при интервенцијата

25/05/2026 7:32

Голем пожар избувна во објект на поранешната фабрика „Декортекст“ во Радовиш, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите во околината.

Според првичните информации, огнот зафатил магацински простор во кој имало запаливи материјали, како и дел од поранешен производствен погон со машини.

Од Територијалната противпожарна единица информирале дека интервенцијата почнала веднаш по пријавата, а за кратко време биле мобилизирани сите расположливи екипи.

„За неполни три минути од добиената пријава нашите екипи беа на терен. Поради сериозноста на пожарот, побарана беше помош и од екипи од Струмица и од доброволното противпожарно друштво од Мантово“, информирале од противпожарната служба, пренесе News24.

На терен интервенирале и пожарникари од Струмица, како и доброволци, со цел огнот да биде ставен под контрола и да се спречи негово понатамошно ширење.

Според последните информации, пожарот е локализиран. Сепак, неколку пожарникари вдишале поголема количина чад и се здобиле со полесни повреди и изгореници за време на интервенцијата.

Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот. Надлежните најавија дополнителна истрага за да се утврдат околностите под кои дошло до несреќата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!