Претежно сончево со слаб јужен ветер, следува заладување
16/09/2025 8:46
Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот се очекува пораст на облачноста.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 33 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 33 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе продолжи период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе има променлива облачност со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Температурите ќе опаднат за неколку степени.






