Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информира Управа за хидрометеоролошки работи.
Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, додека максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
🌆 Времето во Скопје
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.
📅 Какво време нè очекува наредните денови?
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Исклучок ќе биде четврток, кога се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.