Алармантно: Вардар пресуши!!! Гостивар без својата најголема природна убавина
23/09/2025 20:29
Гостивар е соочен со шокантна слика – најголемата природна убавина на градот, реката Вардар, деновиве е речиси целосно пресушена. Наместо моќниот тек што со векови претставува симбол и гордост на регионот, низ коритото сега владее суво камениште.
Овој алармантен феномен предизвикува загриженост кај граѓаните, кои сведочат дека вакво нешто досега ретко се случувало. Вардар отсекогаш бил препознатлив белег на Гостивар, но денес градот остана без својата најголема природна убавина.
Недостигот на вода не е само естетски проблем – тоа носи и сериозни последици за животната средина, екосистемот и квалитетот на живот на локалното население. Гостиварци очекуваат надлежните институции да реагираат итно и да дадат одговори зошто Вардар е доведен до ваква состојба.






