MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: „Граѓаните на Карпош не заслужуваат смет и саботажи“

23/09/2025 12:25

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за уште еден мандат, Стевче Јакимовски, остро реагираше на социјалните мрежи поради проблемите со насобраниот отпад во општината, оценувајќи дека станува збор за намерна саботажа на грбот на граѓаните.

„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа“, порача Јакимовски во својата објава.

Тој потенцираше дека жителите на Карпош не заслужуваат да живеат во нечистотија и со мирис на отпад пред нивните згради и куќи. Јакимовски директно се обрати и до премиерот, потсетувајќи дека има министри задолжени за локална самоуправа и за екологија, како и политичка моќ да најде решение за проблемот.

„Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија! Јас нема да молчам – ќе продолжам да зборувам гласно за секоја неправда кон Карпош и неговите граѓани“, порача Јакимовски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!