MKinformer

your daily dose of news

Александар Трајановски: „Скопје може поинаку и подобро“

28/09/2025 19:59

Во исполнета сала и во одлична атмосфера, Александар Трајановски се сретна со граѓаните на Скопје, каде што владееше чувство на надеж, сплотеност и позитивна енергија. Настанот изобилуваше со искрени средби, обновени пријателства и нови познанства, а обединетоста и решителноста на присутните беа доказ дека постои силна волја за промени.

„Сала полна луѓе кои сакаат и можат да испорачаат резултати, а не изговори, со искуство кое ќе донесе успех“, порача Трајановски, нагласувајќи ја благодарноста до сите кои препознаваат дека Скопје заслужува поинаков и подобар пристап.

Со јасна порака за обединетост и верба во потенцијалот на градот, Трајановски најави дека ќе продолжи со непосредни средби со граѓаните: „Се гледаме низ скопските маала“, напиша тој, додавајќи дека токму таму се чувствува вистинскиот пулс на градот.

Оваа енергија и масовна поддршка, според него, се доказ дека Скопје е подготвено за нов почеток и иднина исполнета со успеси.

error: Содржината е заштитена од копирање !!