MKinformer

your daily dose of news

Повлечена номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор на САД во Србија

05/10/2025 8:48

Номинацијата на Марк Брновиќ за нов амбасадор на САД во Србија е повлечена, потврди американската администрација. Брновиќ, поранешен државен обвинител на Аризона и кандидат за сенатор, изјави дека неговата кандидатура не била поддржана од, како што рече, „длабоката држава“.

„Му благодарам на претседателот за номинацијата, но со текот на времето стануваше јасно дека делови од бирократијата не сакаат некој со мојата политичка, етичка и верска позадина да ја извршува оваа функција. Одлучив да останам во Аризона, блиску до семејството и пријателите, и да продолжам со ангажман во домашната политика“, изјави Брновиќ за „Serbian Times“.

Брновиќ беше номиниран кон крајот на март од страна на претседателот Доналд Трамп, но никогаш не се појави пред Сенатскиот комитет за надворешни односи кој треба да ја потврди номинацијата. Официјалната одлука за повлекување беше објавена на веб-страницата на комитетот, без наведување конкретни причини.

Од јануари годинава, САД немаат амбасадор во Белград, по заминувањето на Кристофер Хил од таа позиција, веднаш по враќањето на Трамп во Белата куќа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!