MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: Кога противникот те копира – тоа е признание, не критика

07/10/2025 19:50

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски, преку објава на својот Фејсбук профил им одговори на политичките противници, нагласувајќи дека најдобрите и највредните проекти во општината се токму оние кои се реализирани под негово водство.

„Му благодарам на господинот Лукровски што конечно потврди, најдобрите проекти во Карпош се токму моите! Фасади, лифтови, енергетска ефикасност, тоа не се ветувања, тоа се реализирани дела“, напиша Јакимовски, потсетувајќи дека зад бројките стојат вистински резултати, 60 обновени фасади кои се видлив доказ за напредокот на општината.

Тој додаде дека токму оние кои сега ветуваат, во минатото гласале против овие проекти, а денес ги претставуваат како свои идеи. „Јас градев, а тие блокираа. Јас работев, а тие копираа“, порача Јакимовски.

Со ироничен тон, тој заклучи дека кога политичкиот противник почнува да фали и копира, тоа не е критика, туку признание за успешно завршена работа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!