Сообраќајна незгода вечерва кај Порта Влае
14/10/2025 22:14
Вечерва, на раскрсницата кај Порта Влае, на семафорите каде се вкрстуваат булеварите „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ѓорче Петров“, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две возила со скопски регистарски таблички – „Фолксваген Шаран“ и „Опел Астра“.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица, а причинета е само материјална штета на двете возила. Полицијата изврши увид на местото на настанот со цел утврдување на причините за несреќата.






