Во Скопје пристигна новата амбасадорка на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан
15/10/2025 8:17
На 13 октомври 2025 година, во главниот град Скопје пристигна новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија – Нејзината Екселенција Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan). Со нејзиното пристигнување започнува и официјалниот мандат во Амбасадата на Кина во нашата земја.
Очекувањата се дека амбасадорката Сјаојан ќе даде значаен придонес во унапредувањето на соработката меѓу Кина и Македонија, особено во областа на економијата, културата, образованието и инвестициите.
Нејзиниот ангажман се гледа како нов поттик за јакнење на традиционалното пријателство и билатералните односи меѓу двете држави, кои со години се темелат на заемна доверба, почит и поддршка.






