MKinformer

your daily dose of news

Средба Мицкоски и кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојан за продлабочување на односите меѓу Македонија и Кина

05/02/2026 10:53

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џијанг Сјаојан, на која беа разменети мислења за унапредување и продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.

На средбата било потенцирано дека билатералните односи меѓу Македонија и Кина се темелат на заемна почит, разбирање и конструктивна соработка. Во изминатите години, како што било истакнато, тие бележат континуиран напредок во повеќе области, меѓу кои економијата, културата, образованието и инфраструктурата.

Соговорниците се согласија дека постои значителен потенцијал за понатамошно зајакнување на соработката преку реализација на конкретни проекти и иницијативи од заеднички интерес. Таквите активности, според нив, би придонеле за економски развој и подобрување на благосостојбата на граѓаните во двете земји.

Премиерот Мицкоски ја нагласи подготвеноста на Владата за интензивирање на соработката со Кина, додека амбасадорката Џијанг Сјаојан ја потврди поддршката на Пекинг за натамошно унапредување на партнерските односи со Македонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!