Манијак снимал студетка во студентски дом, додека се туширала
18/10/2025 16:56
Во Секторот за внатрешни работи Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, која престојува во студентски дом на подрачјето на општина Карпош, пријавила вознемирување што се случило на 16 октомври 2025 година околу 17 часот.
Според пријавата, додека се туширала во бањата, девојката забележала мобилен телефон поставен над параваните. Подоцна, 22-годишен маж од Богданци, со иницијали А.М., ѝ признал дека тој ги направил фотографиите.
Лицето е веднаш приведено во полициска станица, а од него се одземени лаптоп и компјутер за понатамошна истрага.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)




