MKinformer

your daily dose of news

Два силни земјотреси еден по друг ја погоди Албанија

20/10/2025 1:10

Вечерва во 00:58 и 00:59 часот по локално време, земјотреси со јачина од 4,2 степени и 3,9 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во јужниот дел на Албанија, соопштија сеизмолошките служби.

Епицентарот на потресите бил на околу 14 километри југозападно од градот Чороводе и приближно 76 километри јужно од Елбасан, на длабочина од првиот на 15 километри, а вториот на 5 километри

Според првичните информации, нема податоци за повредени лица или материјална штета. Земјотресот бил почувствуван во околните области, но со слаб интензитет.

Албанија се наоѓа во сеизмички активен регион каде вакви потреси се релативно чести, особено во јужните и централните делови на земјата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!