Земјотрес од 3,7 степени почувствуван во охридско-преспанскиот регион
16/01/2026 12:47
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала денеска беше почувствуван во охридско-преспанскиот регион, покажуваат податоците од апликацијата emsc.eu.
Потресот е регистриран на 16 јануари 2026 година во 11:28 часот по локално време. Епицентарот се наоѓа во Албанија, на координати
40.780 северна географска ширина и
20.620 источна должина,
на длабочина од околу 5 километри.
Според сеизмолошките информации, земјотресот бил лоциран на околу 58 километри источно-југоисточно од Елбасан и околу 14 километри јужно од Поградец.
Поради релативно малата длабочина, потресот бил почувствуван и во делови од југозападна Македонија, особено во Охрид, Ресен и околните населени места.
Надлежните служби ја следат состојбата, а граѓаните се повикуваат на смиреност и следење на официјалните информации доколку има нови потреси.




