MKinformer

your daily dose of news

Локализиран пожарот пред српскиот парламент: Гореше шатор, едно лице во Ургентниот центар

22/10/2025 12:49

Голем пожар избувна во шатор пред српскиот Парламент. Црн чад се изви над шаторите во кампот на плоштадот Никола Пашиќ. Пожарникарите го локализираа пожарот. Брза помош пристигна на местото на настанот, а едно лице е згрижено во Ургентниот центар.

Белградската полиција денес уапси маж пред Домот на Народното собрание под сомнение дека повредил друг маж со огнено оружје, дознава Танјуг.
Службата за брза помош претходно потврди дека едно лице е пренесено во Ургентниот центар.
Потоа избувна пожар во еден од шаторите на платото, поради што на местото на настанот се наоѓаат четири противпожарни возила.

Пожарот избувнал околу 10:30 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!