MKinformer

your daily dose of news

Криеле оружје во трактор: Четири лица приведени во велешко – пронајдени пушки, муниција и арсенал оружје

27/01/2026 15:52

Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода четири лица од велешкото село Бузалково, откако при контрола и претреси биле пронајдени и одземени поголема количина оружје и муниција.

На 25 јануари 2026 година, околу 15:10 часот, на место викано „Бреза“, во атарот на селото Бузалково, полицијата ги привела З.С. (57), З.С. (27), М.С. (23) и М.Ј. (41), сите жители на селото.

При преглед на трактор управуван од 57-годишниот З.С., биле пронајдени и одземени ловечка пушка и три ловечки патрони. Дополнително, бил извршен и преглед на патничко возило „лада нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.С., во кое како сопатници се наоѓале М.С. и М.Ј. Во возилото биле пронајдени и одземени 16 ловечки патрони и други предмети.

Следниот ден, на 26 јануари 2026 година, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, со судска наредба, извршиле претрес во домот на 57-годишниот З.С. При претресот биле пронајдени и одземени резервна цевка за ловечка пушка и дозвола за оружје.

Со судска наредба бил извршен претрес и во домот на М.С., каде бил откриен значителен арсенал оружје и муниција. Полицијата пронашла и одзела дозвола за оружје на име О.С. (52) од село Бузалково, репетирачко долго огнено оружје „Mossberg“, полуавтоматско кусо огнено оружје „Zastava“, полуавтоматско долго огнено оружје „Browning“, карабинска муниција, 188 парчиња пиштолска муниција, 68 парчиња ловечка муниција, потврда за пријавено оружје, како и пневматско оружје „Hatsan“.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!