MKinformer

your daily dose of news

Охриѓанка му скршила шише од главата на 21 годишник во кафана

30/10/2025 10:26

Во Секторот за внатрешни работи Охрид е пријавен физички напад врз 21-годишен жител на Охрид. Според пријавата, инцидентот се случил на 26 октомври 2025 година, околу 02:30 часот, во еден угостителски објект во градот.

Младото лице било нападнато со стаклен предмет од страна на женско лице, по што се здобило со повреда, која била констатирана во Општата болница во Охрид.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!