MKinformer

your daily dose of news

Низа физички напади врз и од малолетници во Скопје

06/02/2026 15:08

Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади, од кои најголемиот дел се случиле врз малолетни лица на различни локации во главниот град и околните населени места. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека за сите настани се преземаат мерки за целосно расчистување.

Во првиот случај, на 5 февруари 2026 година во 22:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека околу 13:00 часот на подрачјето на Драчево, малолетно лице било физички нападнато од неколку малолетници додека се превезувало во автобус на ЈСП.

Истиот ден, во 23:50 часот, било пријавено дека 26-годишно лице било нападнато во паркот во село Пакошево, општина Зелениково, од двајца малолетници кои употребиле тврд предмет, при што му биле нанесени тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во уште еден случај, околу 12:00 часот, во двор на средно училиште на подрачјето на Центар, 16-годишен ученик бил физички нападнат од друг ученик. Неколку часа подоцна, во двор на градинка во општина Чаир, било пријавено дека малолетно дете било нападнато од група малолетници.

Последниот пријавен инцидент се случил на подрачјето на Кисела Вода, каде што 15-годишно момче било физички нападнато од женско лице.

Од МВР потенцираат дека сериозно се пристапува кон сите пријави и дека се преземаат оперативни и истражни дејствија со цел идентификување на сторителите и утврдување на целосната фактичка состојба.

error: Содржината е заштитена од копирање !!