⚡ Делови од пет скопски општини денеска без електрична енергија
03/11/2025 10:50
Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денес, 3 ноември 2025 година, без електрична енергија ќе останат делови од пет скопски општини поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
📍 Термини и локации на прекините:
-
Од 08:00 до 14:00 часот – дел од село Долно Лисиче, Општина Аеродром
-
Од 08:30 до 12:30 часот – дел од ул. Димче Милошевски, Општина Гази Баба
-
Од 09:00 до 12:00 часот – дел од ул. 1 во село Сопиште, Општина Сопиште
-
Од 09:00 до 13:00 часот – дел од ул. Димитар Мирсачев, Општина Кисела Вода
-
Од 09:00 до 15:00 часот – објекти во околината на ул. Леринска бр. 3, Општина Карпош
ЕВН апелира граѓаните навремено да се прилагодат на најавените прекини и да ја исклучат осетливата електрична опрема во наведениот временски период.




