MKinformer

your daily dose of news

Без струја денеска во Скопје: делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

14/08/2026 8:21

Без струја денеска во Скопје ќе бидат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции.

Од ЕВН „Македонија“ АД информираат дека прекините се закажани за 14 август 2026 година.

Илинден без струја од 6 до 13 часот

Во периодот од 06:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Мралино.

Прекин ќе има и кај бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино.

Без електрична енергија ќе останат и делови од населбата Дрма.

Прекин и во Сопиште

Во Општина Сопиште прекин е планиран од 09:00 до 14:00 часот.

Без струја ќе бидат дел од корисниците во село Нова Брезница.

Исклучување во Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода прекин ќе има од 09:00 до 14:00 часот.

Без електрична енергија ќе бидат корисниците на улица „Христо Татарчев“ број 49Г и околината кај поранешна „Црвена Ѕвезда“.

Дел од Инџиково без струја

Во Општина Гази Баба исклучување е планирано од 08:30 до 14:30 часот.

Прекинот ќе ги опфати дел од улица „20“, улица „Финска“ број 15 и улица „10“ во Инџиково.

Без струја денеска во Скопје ќе останат делови од четири скопски општини поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!