MKinformer

your daily dose of news

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

05/11/2025 18:12

Министерството за внатрешни работи реагираше со итни законски мерки по инцидентот што се случи за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија Арачиново и ФК Победа во Прилеп.

Како што соопшти заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исеини, веднаш по завршувањето на натпреварот полицијата го идентификувала и привела лицето што го предизвикало инцидентот во соблекувалната на гостинскиот тим.

„Во координација со надлежните институции се преземени постапки и против другите лица кои биле дел од несоодветното однесување“, изјави Исеини, додавајќи дека воедно се покренати дисциплински мерки против полициски службеници кои не реагирале навреме.

Заменик-министерот потенцира дека ќе има нула толеранција кон насилството и говорот на омраза, истакнувајќи дека институциите ќе дејствуваат решително за зачувување на јавниот ред и безбедноста на сите граѓани.
„Насилството нема место во спортот. Одговорноста за редот и безбедноста е неделива“, порача Исеини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!