Читател достави видео: Мини депонија до црквата „Св. Ѓорѓија“ во Ѓорче Петров, неиспразнети контејнери и расфрлано ѓубре
05/11/2025 13:18
До редакцијата на МК Информер читател достави видео-снимка на која се гледаат неиспразнети контејнери преполни со ѓубре, веднаш до црквата „Св. Ѓорѓија“ во скопската општина Ѓорче Петров.
Според граѓанинот, ѓубрето не е собрано со денови, а околу контејнерите се создала мини депонија, што создава непријатен мирис и слика недолична за овој дел од градот.
Интересно е што ова доаѓа само неколку дена по локалните избори, на кои победник е Орце Ѓорѓиевски. Тој во своето предизборно ветување најави дека во рок од 72 часа по победата ќе го исчисти градот, но снимката покажува дека проблемите со чистотата и натаму се присутни.
Граѓаните апелираат до новото раководство на општината итно да реагира и да се погрижи за хигиената во Ѓорче Петров, особено околу верските и јавните објекти.






