Дане Димитровски избран за нов Претседател на Советот на Град Скопје
07/11/2025 12:09
На денешната конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје, што започна во 10 часот, беше верификуван мандатот на новите советници и избрано ново раководство.
Со предлог на мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ, за претседател на Советот на Град Скопје е избран Дане Димитровски.
Седницата означува почеток на мандатот на новиот советнички состав, кој ќе има клучна улога во носењето на одлуки и креирањето на локалните политики во следниот период.
Изборот на претседателот на Советот претставува и прв чекор во формирањето на новата градска власт, која ќе работи заедно со администрацијата на Градот Скопје и градоначалникот.






