MKinformer

your daily dose of news

По скоро 48 часа од акцијата „72 часа чисто Скопје“, целосна мобилизација за почист главен град

08/11/2025 16:57

Се наближуваат 48 часа од почетокот на акцијата „72 часа чисто Скопје“, која ја спроведува новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со цел темелно чистење и разубавување на главниот град.

Од првиот ден на акцијата, по скоро сите скопски општини е забележана активност на јавните служби, на терен се багери, камиони и механизација кои непрекинато работат на собирање отпад, миење улици и расчистување јавни површини.

Во зависност од изворот, информациите велат дека екипите работат и во ноќните часови, со цел за само три дена да се постигне подобрување на хигиената и изгледот на градот.

Екипа на МК ИНФОРМЕР денеска забележа багер во коритото на реката Вардар, каде што се изведува чистење на насобраниот отпад и нанос, со што се подобрува протокот на водата и визуелниот изглед на реката.

Акцијата „72 часа чисто Скопје“ продолжува и утре кога поминува дадениот рок за остварување на предизборното ветување, а од Град Скопје најавуваат дека ќе следат редовни активности за одржување на чистотата и редот во урбаните и периферните делови на метрополата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!