MKinformer

your daily dose of news

Пристигнаа новите „Пежо 408“: МВР ја обновува полициската флота со 120 современи патролни возила

17/11/2025 18:35

Новите полициски возила „Пежо 408“ официјално пристигнаа во земјава, како дел од првата фаза на модернизацијата на возниот парк на Министерството за внатрешни работи. МВР набави вкупно 120 нови патролни автомобили во вредност од 3,9 милиони евра.

Набавката беше најавена уште во септември, кога министерот Панче Тошковски посочи дека дел од постоечките полициски возила се во „многу лоша и незавидна состојба“, што бара итни вложувања за зголемување на ефикасноста и безбедноста на полицијата. Тој тогаш истакна дека ова е само почеток на обновата, најавувајќи дека во следните месеци ќе се набават „три до четири пати повеќе“ нови возила.

Со пристигнувањето на „Пежо 408“, полицијата добива современи, обележани и технички опремени патролни автомобили кои ќе бидат распределени во униформираниот состав низ целата држава. Од МВР велат дека оваа флотила ќе обезбеди подобра покриеност на теренот, побрза реакција и повисоко ниво на безбедност за граѓаните.

error: Содржината е заштитена од копирање !!