MKinformer

your daily dose of news

Тошковски разочаран од повлекувањето на Обвинителство од случајот „Мазут-ТЕЦ Неготино“,а Мицкоски имал право да се информира за случај што ја потресе јавноста

15/05/2026 10:58

одМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро реагира на одлуката за запирање на постапката за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Тој порача дека не смее да има тивок обид за затворање на случајот.

Во интервју за Канал 5, Тошковски изјави дека е шокиран и разочаран од одлуката на ОЈО ОГКК. Според него, ваквата разврска е разочарување и за тимот на МВР кој работел на предметот.

„Во никој случај не смее да има тивок обид на затворање на една ваква постапка“, рече Тошковски.

МВР не верува дека сега нема докази

Министерот посочи дека акцијата за овој случај, спроведена минатата година, била преземена во координација и по насоки на Обвинителството. Затоа, како што рече, не верува дека тогаш имало основи за постапување, а сега предметот се затвора поради недостиг на докази.

Според Тошковски, од информациите што ги добил од луѓе вклучени во процесот, не може да се заклучи дека е постапено максимално професионално и во насока на целосно утврдување на фактичката состојба.

Тој нагласи дека, според неговата оценка, не е доловена вистинската слика за тоа што се случувало во случајот.

„Овој предмет не е затворен“

Тошковски порача дека јавноста во наредниот период ќе види на што точно мислел кога зборува за фактичка состојба што, според него, МВР неспорно ја утврдило.

Со тоа испрати порака дека случајот, според него, сè уште не е завршен.

За разговорот Мицкоски–Савески

За телефонскиот разговор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески, Тошковски застана во одбрана на премиерот.

Тој рече дека, познавајќи го Мицкоски, е сигурен оти премиерот никогаш не би влегол во незаконски комуникации, ниту би влијаел врз обвинител да постапува на одреден начин.

Според Тошковски, премиерот најверојатно сакал да добие изворна информација за случајот што ја шокирал македонската јавност.

„Нема заштитени и недопирливи“

Министерот нагласи дека во државата не смее да има заштитени, без разлика дали доаѓаат од власта или од опозицијата.

Тој тврди дека МВР во изминатиот период покажало неселективност и дека нема недопирливи, без оглед на функцијата или политичката припадност.

Во истиот контекст, Тошковски рече дека не би навлегувал во детали за други случаи што се во предистрага, но повтори дека институциите треба да си ја завршат работата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!