Земјотрес од 3.2 степени почувствуван во Делчево и Виница
17/11/2025 18:03
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денес во 15:48 часот регистрираше земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML 3.2. Трусот потекнува од пограничното епицентрално подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван во североисточните делови на земјата, најмногу во Делчево, Виница и околните населени места. Интензитетот на почувствуваното тресење во овие региони достигнал III степени според Европската макросеизмичка скала.
Од опсерваторијата додаваат дека досега нема информации за нанесени материјални штети.

