MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес почувствуван ноќеска во Тетово, Гостивар и околината

29/06/2026 8:51

Ноќеска, неколку минути по полноќ, бил почувствуван земјотрес со епицентар во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 00:06 часот.

Од Опсерваторијата соопштија дека земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML 3.0.

Почувствуван во Тетово, Гостивар и околината

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван од жителите на Гостивар, Тетово и околните места.

Интензитетот на земјотресот е проценет на III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

error: Содржината е заштитена од копирање !!