Панче Тошковски опериран во „Мајка Тереза“, стабилен е и се опоравува
17/11/2025 18:16
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека бил подложен на успешна хируршка интервенција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и дека се чувствува стабилно. Според неговата објава на Фејсбук, тој во моментов е под лекарски надзор и го очекува краток период на опоравување.
Тошковски ги увери граѓаните дека Министерството за внатрешни работи и покрај неговото привремено отсуство продолжува да работи непречено и ефикасно. Тој истакна дека целиот тим професионално ги извршува своите обврски и дека тековните процеси и активности во МВР, како и безбедноста на граѓаните, не се загрозени.
Министерот додава дека веднаш по завршувањето на опоравувањето ќе се врати на своите работни обврски во полн капацитет.






