Специјалниот суд изрече мерки за Балуку: Забрана за излез и суспензија од функцијата
20/11/2025 16:43
Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО) денеска донесе одлука со која на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку, ѝ се изрекуваат две безбедносни мерки: „суспензија од вршење на должност и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“. Мерките се дел од истрагата за наводно прекршување на начелото на еднаквост при јавни набавки.
Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на 31 октомври поднело обвинение против Балуку за кривично дело „повреда на рамноправноста на учесниците во јавни тендери или аукции“. Обвинението се однесува на постапката за набавка за „Изградба на тунелот Љогара“, дел од патната делница Орикум–Химара на автопатот Валона–Саранда, пренесуваат албанските медиуми.
Според СПАК, првиот тендер бил организиран на 11 декември 2020 година, по што бил поништен и повторно отворен на 22 јуни 2021 година. Проектот имал лимитирана вредност од речиси 19 милијарди леки (околу 190 милиони евра) без пресметан ДДВ.
На вчерашната пленарна седница на албанскиот Парламент, по серијата обвинувања од опозицијата, Балуку изјави дека е „целосно отворена за истрага“ и дека нема да дава коментари додека институциите не го завршат процесот.






![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)