MKinformer

your daily dose of news

Путин: „Русија нема намера да ја напаѓа Европа – но ако Украина не се повлече, ќе реагираме воено“

27/11/2025 18:29

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва „нема никаква намера да ја напаѓа Европа“, потенцирајќи дека ваквите тврдења се чисти шпекулации. Во разговор со новинарите, Путин истакна дека доколку украинските сили не се повлечат од одредени територии, Русија „ќе ги постигне целите со воени средства“.

Тој остро реагираше и на идеите за конфискација на рускиот имот во странство, оценувајќи ги како „отворена кражба“. Путин ја отфрли и шпекулацијата дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров е „во немилост“, нарекувајќи го тоа „апсолутна бесмислица“.

Рускиот лидер објави дека следната недела во Москва се очекува американска делегација, по предлог од администрацијата на Доналд Трамп. Главна тема ќе биде стратешката стабилност, нуклеарните тестови и безбедносните гаранции.

„Спремни сме да разговараме со САД за сите прашања поврзани со стратешката стабилност“, нагласи Путин.

Претседателот се наоѓа во Киргистан, каде се сретна со претседателот Садир Џапаров, белорускиот лидер Лукашенко и учествуваше на самитот на ОДБК.

error: Содржината е заштитена од копирање !!