MKinformer

your daily dose of news

Трамп: Зеленски не е подготвен да го потпише американскиот мировен предлог за Украина

08/12/2025 13:58

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа порача дека неговиот украински колега, Володимир Зеленски, „не е подготвен“ да го прифати мировниот предлог на САД, по тридневните интензивни разговори меѓу делегациите на Вашингтон и Киев во Флорида.

„Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направил“,
изјави Трамп пред новинарите.

Тој додаде дека, според неговите процени, Москва е наклонета кон понуденото решение, но не е сигурно дали документот му одговара и на Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин досега не го поддржа јавно планот на Белата куќа, иако американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер минатата недела разговараа со него во Кремљ без конкретен напредок.

И американско-украинските разговори во Флорида завршија без видлив пробив. Зеленски ги оцени како „конструктивни, иако не и лесни“, пренесува „Гардијан“.

Коментарите на Трамп доаѓаат во пресрет на денешниот важен состанок на Зеленски во Лондон со британскиот премиер Кир Стармер, како и со лидерите на Франција и Германија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!