MKinformer

your daily dose of news

ЕУ: Косово ќе напредува кон членство само ако ги нормализира односите со Србија

09/12/2025 11:20

Европската унија повторно потсетува дека напредокот на Косово на европскиот пат зависи од спроведувањето на внатрешни реформи и од конкретни чекори кон нормализација на односите со Србија. Портпаролката на Европската комисија за надворешни прашања, Јулија Мацик, изјави дека Брисел има намера постепено да ги укине мерките воведени во 2023 година, но тоа ќе зависи од исполнувањето на поставените услови.

Таа нагласи дека Комисијата уште во мај 2025 година започнала со процесот на делумно укинување на рестрикциите и дека целта е Косово да продолжи со европските интеграции. Мацик го поздрави и мирното предавање на локалната власт во четирите северни општини, истакнувајќи дека се очекува новите градоначалници да работат во интерес на сите граѓани.

И покрај тоа, според пишувањето на koha.net, ЕУ засега нема целосно да ги повлече мерките против Косово. Франција и Италија – со поддршка од Шпанија, Унгарија и Словачка – на последниот состанок се спротивставиле на предлогот за нивно укинување, иако најмалку 13 држави-членки побарале мерките да престанат да важат.

Дел од европските дипломати тврдат дека Европската комисија „се води од ставовите на неколку земји-членки и игра двојна игра“, поради што процесот на укинување на мерките се одвива побавно од очекуваното.

error: Содржината е заштитена од копирање !!