Трагедија во „Макстил“: При увид во изгорениот магацин пронајдено тело
14/12/2025 16:13
Денеска, при вршење увид во опожарените магацини во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, пронајдено е едно опожарено лице, дознава МК ИНФОРМЕР. Увидот на терен сè уште е во тек, а присутни се надлежните служби.
Пожарот избувнал синоќа во кругот на „Макстил“, при што целосно бил зафатен магацин кој се користел за обработка на дрво. На местото интервенирале противпожарни екипи, кои по неколкучасовна интервенција успеале да го локализираат и целосно да го изгаснат огнот.
Засега не се познати причините за настанување на пожарот. Надлежните органи ќе утврдуваат како дошло до трагичниот настан и под кои околности лицето се нашло во објектот во моментот на избувнување на огнот.
Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот и официјалното соопштение од институциите.






