Го претепал за паркинг место во Аеродром
15/12/2025 22:59
Четириесет и двегодишен жител на Пробиштип пријавил дека бил физички нападнат од 37-годишен маж од Скопје на паркинг во скопската општина Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштува МВР, пријавата била поднесена утринава по 02:00 часот во СВР Скопје, при што оштетениот навел дека инцидентот се случил по претходна вербална расправија, по што бил физички нападнат.
Од полицијата додаваат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава против напаѓачот.






