MKinformer

your daily dose of news

Блокиран Меѓународниот аеродром во Сараево поради закана од бомба

16/12/2025 10:17

Меѓународниот аеродром во Сараево утрово е целосно блокиран поради пријавена закана од бомба, јавуваат сараевските медиуми.

Според информациите, зградата на аеродромот е затворена, влезот е строго забранет, а во тек е евакуација на патниците и аеродромскиот персонал. На терен се безбедносните служби кои преземаат мерки согласно пропишаните безбедносни протоколи.

Во моментот не се достапни информации за пристигнувањата и заминувањата на летовите, кои вообичаено се ажурираат во реално време на официјалната веб-страница на аеродромот. Системот за информирање на патниците е привремено недостапен.

Засега нема официјални информации за природата на заканата, ниту дали станува збор за лажна дојава. Надлежните институции спроведуваат проверки, а повеќе детали се очекуваат по завршување на безбедносниот увид.

error: Содржината е заштитена од копирање !!