ЕЕAA – European Economic Alliance for cooperation with Asia, Кина најавува инвестиции и туристички бран кон Балканот
19/12/2025 14:14
Претставникот и основач од Република Македонија, а воедно и член на Управниот одбор на меѓународната организација ЕЕАА – European Economic Alliance for Cooperation with Asia, г-дин Златко Еделински каде што ја извршува функцијата Потпретседател за странски инвестиции, агробизнис и туризам, успешно реализирана службена посета во Народна Република Кина 🇨🇳 за делегација од Србија 🇷🇸.
Оваа посета беше возвратен чекор по претходната официјална средба со високата делегација од Владата на Шангај и имаше јасна цел: збратимување помеѓу Општина Врњачка Бања и Владата на Шангај 🤝, како и создавање нови основи за конкретни проекти во туризмот и агробизнисот.
✔ Стратешки состаноци и нови партнерства
Во рамките на посетата беа одржани повеќе стратешки состаноци со институции, стопански комори и компании од различни сектори – туризам, медицинска технологија, технолошки иновации, VR решенија, светлосни инсталации, спортски медиуми и други.
Средбите резултираа со конкретни договори и отворени перспективи за соработка што може да донесе значителни економски придобивки за земјите од регионот.
✔ Потенцијал за нови инвестиции
Со активно посредување на ЕЕАА, отворени се можности за привлекување капитал од реномирани кинески компании, кои покажуваат растечки интерес за Балканот како геостратешка и економска зона.
✔ Туристички пакети и визна либерализација
Еден од приоритетите на ЕЕАА за 2026 година е развој на балкански туристички рути во кои ќе бидат вклучени и дестинации од Северна Македонија.
Во исто време, беше иницирана дискусија за олеснување или укинување на визите за кинеските туристи – моментално најголемата пречка за масовен туристички прилив во регионот.
✔ Нова ера на долгорочна соработка
Посетата претставува силна основа за понатамошно продлабочување на економските и институционалните врски меѓу Кина и земјите од Балканот. Преку ЕЕАА, процесот се насочува кон долгорочно партнерство со фокус на инвестиции, туризам, технолошка соработка и регионален развој.






