MKinformer

your daily dose of news

Пронајден починат маж во двор во Драчево – МВР отвори истрага

19/12/2025 15:02

На 18 декември 2025 година, околу 11 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа во скопската населба Драчево е пронајдено починато лицето А.Б. (64) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Екипа на Итната медицинска помош веднаш излегла на терен и официјално ја констатирала смртта. По наредба на надлежниот јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните околности и причините за смртта.

Од МВР додаваат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!